Единствена Македонија: За Спасовски законите важат само за Македонците, и по два дена од насилните протести за „Монструм“ нема пријави за Албанци


31.01.2021 | 12:04:55 | Соопштенија


Единствена Македонија: За Спасовски законите важат само за Македонците, и по два дена од насилните протести за „Монструм“ нема пријави за Албанци

Министерот во МВР Оливер Спасовски во ова тешко здравствено  време, со секој ден со секој чекор покажува дека законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците.

Поминаа два дена а МВР нема поднесено ниту една пријава за тепањето на полицијата, скршени прозори на зградата на МНР, неносење на заштитни маски на протестите на албанското малцинство во врска со случајот „Монструм“.

Од друга страна, МВР секодјдневно поднесува пријави против Македонци кои на дневна основа се движат од 700 до илјада казнети граѓани. Притоа МВР аплира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Но, Единствена Македонија како и македонскиот народ апелираат до Спасовски и МВР законите да важат за сите, а не само за Македонците.

Македонците во сопствената држава секојдневно се изложени на политичко-полициски прогон и стануваат граѓани од втор ранг додека припадниците на албанското малцинство веќе толку се охрабрија што не фермаат ниту устав и закон.

Република Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 31 јанаури 2021