Вчерашните насилни протести се уште една потврда оти законите важат само за Македонците, а не и за Албанците


30.01.2021 | 12:14:06 | Соопштенија


Вчерашните насилни протести се уште една потврда оти законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Вчерашните протести на припадници на албанското малцинство во државата, по кој знае кој пат покажува дека законите важат само за Македонците а не и за Албанците.

Присутните Албанци вчера протестираа наспроти безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот, ја тепаа полицијата и ја демолираа зградата на МНР, а сето тоа македонската полиција немо го гледаше.

Марионетската влада е збунета и уплашена кога протестираат Албанци а секогаш применува насилни мерки и политичко-полициски прогон со разноразни пријави на собири на Македонци.

Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што на отворена сцена веќе не фермаат Устав и закони.

Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 30 јануари 2021

Скопје 1 Новости Тајм