Единствена Македонија: Што уште треба да направат Каракачанов и Захариева за да се повика бугарскиот амбасадор во Скопје за протесна нота


29.01.2021 | 13:14:46 | Соопштенија


Единствена Македонија: Што уште треба да направат Каракачанов и Захариева за да се повика бугарскиот амбасадор во Скопје за протесна нота

Бугарските министри за одбрана и надворешни работи, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева два дена ја бомбардираат Македонија со навреди што претставува најгрубо мешање во внатрешните работи на една суверена држава спротивно на меѓународните документи од оваа област.

Но, од страна на македонските власти целосен молк. Со тоа власта во Скопје продолжува да го руши угледот и достоинството на државата во меѓународните односи претставувајќи ја Македонија во очите на другите држави како незрела држава и држава со ограничен меѓународно правно - признат субјективитет.

Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да се охрабри и веднаш да го повика амбасадорот на Бугарија во Скопје за да му врачи протесна нота околу непримерните и недозволени навреди и мешање на Софија во внатрешните работи на Скопје за прашања кои влегуваат исклучиво во внатрешната јурисдикција на Република Македонија.

Единствена Македонија останува на ставот дека проблемот со бугарската држава се македонските јаничари во Бугарија како што се Каракачанов, Захариева, Ковачев Џамбаски... кои не издржале во историјата за разлика од бугарскиот премиер Бојко Борисов кој е горд на своето татарско потекло.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 29 јануари 2021

Скопје 1 Македонски весник Новости Тајм