Откако НАТО и ЕУ не оставија на цедило, денеска беше срамно и тажно лигавењето на Филипче спрема Кина


26.01.2021 | 11:52:10 | Соопштенија


Откако НАТО и ЕУ не оставија на цедило, денеска беше срамно и тажно лигавењето на Филипче спрема Кина

Министерот за здравство Венко Филипче денес го достигна врвот на лигавење во македонската политика. Во изјава за јавноста не може да ги изнафали кинеските вакцини кои решил да ги набавува иако пред извесно време не сакаше да слушне за било какви помош и вакцини од Кина и Русија поради втераниот страв од неговите газди од Брисел и на самото спомнување на зборот Кина и Русија.

Но, денеска Филипче, дури, на прашањето проблем може да биде тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови, министерот со одговор: кинеските вакцини се безбедни и одлични.

Во ова тешко време на здравствена криза Македонија покажа дека нема институционален капацитет да се справува со пандемијата. И со обезбедени буџетски средства, власта во Скопје не успева дури ниту со пари да најде и купи вакцини на светскиот пазар како што тоа го направија други држави.

Единствена Македонија уште пред седум месеци со драматичен повик побара властите да се обрата за помош од Кина и Русија. Потврдата на ова дојде сега откако стратешките сојузници на власта во Скопје - НАТО и ЕУ не оставија на цедило и не истумбаа на првата кривина.

Единствена Македонија останува на ставот власта да овозможи избор помеѓу повеќе вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 26 јануари 2021

Скопје 1