Единствена Македонија бара разрешување на директорот на Заводот за статистика - ова се причините


25.01.2021 | 12:15:19 | Соопштенија


Единствена Македонија бара разрешување на директорот на Заводот за статистика -  ова се причините

Единствена Македонија бара разрешување на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, заради постапување спротивно на неговите законски овластувања.

Симовски недозволиво се расфрла во јавноста со закани за кривични пријави и 5 години затвор за бојкот пописот. Но, Симовски знае или би требало да знае дека не постои законска одредба со која бојкотот на пописот е пропишано како кривично дело. Оттука, недозволиво е владин функционер да лаже и да се заканува на народот со лажна информација за затворска казна за бојкот.

Единствена Македонија останува на веќе објавената определба дека нема да ги признае резултатите од пописот заради што ќе иницира кампања против пописот. Истовремено, ги подржуваме сите иницијативи против фалсификувањето на пописот и за таа цел ја поздравуваме најавата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи против скандалозниот закон за попис.

Се уште има време власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.

Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува целосно посветена на спречување на фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 25 јануари 2020

Скопје 1