Единствена Македонија до марионетата Заев: Може да се заканувате и со 100 години затвор, кампања против фалсификуваниот попис ќе има


24.01.2021 | 12:42:38 | Соопштенија


Единствена Македонија до марионетата Заев: Може да се заканувате и со 100 години затвор, кампања против фалсификуваниот попис ќе има

Марионетата Зоран Заев и неговите странски газди се во голема паника штом заедно со неговиот потрчко-директор од Заводот за статистика, наместо како досега со парични кзни, од вчера почнаа да се закануваат со 5 години затвор за сите оние кои не подржуваат уште еден фалсификуван попис во април годинава.

Заев секој ден со очајни пораки и трикови, а од вчера и со затворски закани се обидува да ги измами и натера граѓаните да излезат на пописот за да може да го фалсификува.

Народот да не наседнува на ова најнова лага од марионетската власт за кривична одговорност, бидејќи, таква законска можност нема.

Затоа, Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Затоа вие можете да се заканувате колку сакате, дури и со 100 години затвор, кампања против пописот ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 24 јануари 2021

Скопје 1