Единствена Македонија до владата: Како не ви е срам да просите вакцини, ако имате грам морал утре на Водици фрлете се во Вардар и да не ве гледаме повеќе


18.01.2021 | 15:20:49 | Соопштенија


Единствена Македонија до владата: Како не ви е срам да просите вакцини, ако имате грам морал утре на Водици фрлете се во Вардар и да не ве гледаме повеќе

Владата на Зоран Заев денес ја претвори Република Македонија во питачка држава која со просење од други држави ќе обезбедува вакцини. Денеска на Србија и падна жал, се смилува и на Македонија и даде некоја вакцина, а Заев без срам и достоинство најави дека во следните денови ќе бара подршка и од други држави или со други зборови со просење ќе обезбедува вакцини.

Ова во најмала рака е скандалозно. Република Македонија е посрамотена, понижена и прикажана како незрела држава во очите на другите држави.

Марионетската власт во Скопје на конкретен начин покажа дека нема институционален капацитет да се справи со пандемијата. Во ова тешко време на здравствена криза потребно е знаење, способност и достигнување а владата на Заев го нема тоа.

Република Македонија е држава со сопствен буџет и срамно и тажно е со обезбедени буџетски средства, владата не може на светскиот пазар за пари да најде и да купи вакцини како што направија соседните држави и пошироко државите во европски и светски рамки. Затоа, нема друго. Утре на Водици фрлете се во Вардар и фатете џанам да не ве гледаме повеќе.  

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 18 јануари 2021

Скопје 1