Бачев до Заев: Одговори дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има и описна додавка


16.01.2021 | 13:25:59 | Соопштенија


Бачев до Заев: Одговори дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има и описна додавка

Повик, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 16 јануари 2020

-„Слушнав нешто од неодамнешната преписка меѓу твојот министер за правда Бојан Маричиќ и владиката Петар во врска со структурата на пописниот формулар. Маричиќ му одговори на владиката Петар дека на пописот ќе има графа за верска припадност. Попатно, Маричиќ спомна дека ќе има графа и за национална припадност која е содржана во предлог-законот за попис кој е во собраниска процедура.  

Но, сега се отвора една голема дилема. За малцинствата во Македонија не е спорно дека ќе бидат запишани како Албанци, Турци, Срби, Хрвати, Роми, Власи, Бошњаци, Египќани... Ве повикувам јавно да кажете дали и Македонците ќе се запишат како Македонец/Македонка или со описна додавка кон нашата национална припадност како Македонци. Запишувањето на етничката припадност не е методологија и затоа кажете со целосна одговорност дали ќе бидем запишувани како Македонци или ќе има и описна додавка. Народот очекува одговор на ова суштинско прашање.

Ја користам приликата да ве потсетам дека не е убаво да лажете дека законот е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Најодговорно тврдам дека клучните одредби во законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ, но, детално за ова во следна прилика. Само уште ќе спомнам дека доколку биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, во земјата на повидок е ново фалсификување на пописот во април догодина.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 16 јанаури 2020

Медиуми:

Макфакс

Скопје 1

Македонски весник

Утрински весник

Вечер

Инфо

Весник

Инфомакс

24 Инфо

Грид

Дејли

Вести

Тајм