Единствена Македонија: Целиот државен врв се дигна за палење на бугарското знаме, за вандалското антимакедонско однесување од Бугарија - целосен молк


15.01.2021 | 13:02:21 | Соопштенија


Единствена Македонија: Целиот државен врв се дигна за палење на бугарското знаме, за вандалското антимакедонско однесување од Бугарија - целосен молк

Марионетската власт во Скопје уште еднаш ја покажа својата сервилност и плашливост и намерата докрај да оди според принципот „ведење глава и скршена кичма“ во распродавањето на државните и националните интереси.

Денеска се дигна целиот државен врв во земјата во врска со палењето на бугарското знаме. Но, месеци наназад бугарски политичари, новинари, професори, историчари..., секојдневно вандалски го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ што е недозволиво според меѓународното право а од македонска страна целосен молк и без ниту еден демарш против анитцивилизациската и антимакедонската политика на соседна Бугарија.

За волја на вистината вандалското антимакедонско однесување од Бугарија е дело на македонските јаничари во Бугарија од типот на Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.

Марионетската власт во Скопје едно треба да знае. Државите колку и да се мали имаат свои основни државни интереси и црвени линии од кои не отстапуваат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 15 јануари 2021

Скопје 1 Новости