Безбедносно и политичко поврзување меѓу Македонија, Албанија и Бугарија е опасна авантура на Бујар Османи


04.01.2021 | 10:36:14 | Соопштенија


Безбедносно и политичко поврзување меѓу Македонија, Албанија и  Бугарија е опасна авантура на Бујар Османи

Единствена Македонија изразува длабока вознемиреност и загриженост од најновата иницијатива на Бујар Османи за тројно поврзување меѓу Македонија, Бугарија и Албанија кое треба да опфаќа и безбедносно и политичко поврзување.

Дотолку повеќе, Бугарија работи на целосно негирање на македонската нација, јазик, историја, култура и бришење на Македонците во Пиринска Македонија, додека од Албанија се промовира некаква тиранска антимакедонска платформа.

Ја предупредувам власта во Скопје дека оваа најнова иницијатива е опасна авантура со штетни последици за македонските национални и државни интереси.

За Единствена Македонија не е спорно дека треба да се развива билатералната соработа на било кој план и со било која соседна држава, но, вакво тројно политичко и безбедносно поврзување со едни соседни држави може да има штетни последици за Републикa Македонија во односите со други соседни држави.

Единствена Македонија ветува дека никогаш нема да ги предаде националните и државните интереси и за таа цел ќе работи на поништување на антимакедонските договори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 04 јануари 2021