Бачев со новогодишна честитка: На Македонија и треба победи


31.12.2020 | 12:33:20 | Соопштенија


Бачев со новогодишна честитка: На Македонија и треба победи

Новогодишно обраќање, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, четврток, 31 декември 2020 година

Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки Почитувани државјани на Република Македонија

2020 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2021 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша.

Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.

На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои и понатаму го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.  

Во земјата владее безаконие, корупција, криминал и национално предавство.

Волјата на народот беше погазена на изборите на кои Единствена Македонија беше колатерална штета со тешкиот изборен фалсификат спрема партијата од страна на „длабоката држава“ во содејство со власта во Скопје заради битката за влијание во Македонија, а за кое нешто јавноста ги виде фактите и доказите на прес конференција.

Во годината што измина живееме во тешко време на пандемијата со коронавирусот во кое власта покажува недоволен институционален капацитет да се справи со здравствената криза.

Почитувани,

Битката за Македонија ја продолжуваме и во новата 2021 до конечна победа, давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - Република Македонија. Антимакедонските договори како спротивни на меѓународното право мора да бидат поништени а постојат меѓународно-правни основа и постапка за тоа.

Сега е најбитно да си ја вратиме држават назад во наши раце. После, на економски план е лесно, економската наука се погрижила да ги открие механизмите за развој и благосостојба на еден народ, треба само чесни и честити луѓе во интерес на народот и со желба и љубов да му служат на сопствениот народ.

Колку и да е силна специјалната војна против Единствена Македонија, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија, ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина - доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?

Годината што измина сите сакаме што побргу да ја заборавиме, а и во годината што доаѓа Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Имаме милиони причини, историски или наметнати, политички или економски, реални или ирационални, за делби и поделби. Меѓутоа, една единствена мисла треба да ни биде заедничка за сите нас - ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНЈИЈА! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите сегашни проблеми и отвораме простор за иднината на нашите деца, на нашите семејства, на нашата единствена татковина МАКЕДОНИЈА!

Оваа битка можеме да ја добиеме само сплотени и единствени како Македонци оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е исправна, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

На Македонија и треба победи. Нека започнат победите во 2021 година.

На крајот Ви посакувам Среќна нова 2021 година со многу желби за многу среќа и добро здравје!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 31 декември 2020 Македонски весник Скопје 1 Тајм