Скандалозно признание на Заев дека ја помагал Левица финансиски и медиумски на изборите за да краде гласови од ВМРО-ДПМНЕ


31.12.2020 | 10:14:05 | Соопштенија


Скандалозно признание на Заев дека ја помагал Левица финансиски и медиумски на изборите за да краде гласови од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев вчера на собраниската седница за пратенички прашања го потврди она што во последно време се зборува во јавноста дека наменскиот проект Левица на последните избори бил под контрола и одработувал за СДСМ. Заев призна дека ја помагал партијата Левица финансиски и медиумски во предизборната кампања за да одземе гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

Големата медиумска подршка на Левица во изборната кампања беше големо изненадување наспроти останатите партии надвор од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ако не беше така, прашање е дали народот денеска ќе имаше слушнато за Левица. Но, вчера дојде потврдата дека медиумската и финансиска подршка на Левица на изборите била овозможена и контролирана од Заев.

Исто така, шокантни се вчерашните информации од поранешни членови на раководството на Левица дека во внатрепартискиот судир во Левица, Зоран Заев преку судството му овозможил на Димитар Апасиев да ја преземе партијата со фалсификувани документи за да краде гласови од ВМРО-ДПМНЕ на изборите.

Единствена Македонија изразува големо разочарување и згрозеност што и после 30 години повеќепартиски плурализам во Република Македонија, се уште во заднина се контролираат сателитски партии кои треба да одработуваат по задача на избори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 31 декември 3020

Скопје 1