Единствена Македонија во име на македонскиот народ се извинува на хрватскиот народ за срамната симболична помош за земјотресот


30.12.2020 | 13:55:21 | Соопштенија


Единствена Македонија во име на македонскиот народ се извинува на хрватскиот народ за срамната симболична помош за земјотресот

Владата во Скопје продолжува со бламирањето на Република Македонија на меѓународната сцена. Со одлуката за доделување на 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, власта во Скопје уште еднаш по кој знае пат ја понижи Македонија во очите на други држави а пред се во очите на хрватскиот народ.

Подобро да се организираше донаторска конференција за Хрватска и многу повеќе ќе се собереше отколку владината помош со симболичните 6 милиони денари.

Македонија е држава со буџет од 4 милијарди евра, држава во која секојдневно се врши злосторство врз буџетот од лица блиски до власта, милиони евра народни пари се пљачкаат и земаат како во самопослуга и завршуваат во приватни џебови. Во земјата владее безаконите, криминал и корпупција. Оттука, што може да се очекува од власта во Скопје, која слушнала за меѓудржавна солидарност по повод природни несреќе, но, не го разбрала тоа.

Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ длабоко му се извинува на пријателскиот хрватски народ за срамната и недолична симболична помош.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 30 декември 2020 Скопје 1 Македонски весник Тајм