ФФМ да не си игра со трпението на народот, Ангеловски треба да ја води фудбалската репрезентација на европското првенство


28.12.2020 | 11:26:46 | Соопштенија


ФФМ да не си игра со трпението на народот, Ангеловски треба да ја води фудбалската репрезентација на европското првенство

Единствена Македонија ја повикува Фудбалската федерација на Македонија да престане да си игра си трпението на народот и веднаш да го продолжи договорот со селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски - Мрме.

Во земјата владее безаконие, корупција, криминал, национачно предавство и ако може по нешто убаво да се памти годината тоа сигурно е големиот успех на селекторот и фудбалската репрезентација кои испишаа историски успех со пласманот на Европското првенство во фудбал.

Селекторот Ангеловски е творецот на оваа репрезентација со шаренолик национален состав која функционира како едно семејство што е голема работа за македонски услови каде доминираат етничките моменти и нивно тензично актуелизирање по разноразни поводи.

Селекторот створи единство и сплотеност во репрезентацијата, постигна историски успех со прво учество на Македонија на завршницата на едно големо фудбалско натпреварување. Затоа, калкулирањето со продолжувањето на договорот остава впечаток за матни игри во куќата на фудбалот иако сега е потребен мир во фудбалскиои табор пред големото европско фудбалско натпреварување.

За Единствена Македонија и целата фудбалска јавност нема дилема. Игор Ангеловски треба и понатаму да остане селектор и да ја предводи македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство во јуни - јули догодина.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 28 декември 2020

Скопје 1