Единствена Македонија: Ќе се реактивира патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира“ за бојкот на пописот доколку власта турка фалсификат попис


27.12.2020 | 13:12:37 | Соопштенија


Единствена Македонија: Ќе се реактивира патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира“ за бојкот на пописот доколку власта турка фалсификат попис

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските интереси се залага за поништување на пописот во 2002 година со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на нов попис кој реално ќе ја отслика бројноста на населението во Република Македонија.

Власта во Скопје најавува попис во април следната година, но, со законските решенија за пописот кои се подготвуваат уште сега е јасно дека СДСМ и ДУИ спремаат уште еден фалсификуван попис според кој Албанците ќе излезат преку 40 отсто. Што е поинтересно, овие законски решенија се спротивни на пописниот модел во земјите членки на Европската Унија а устата на власта е полна со европски вредности.

Јавноста очекува одговор, зошто власта се плаши и не овозможи поширока стручна дебата за пописниот закон туку го турка набрзина со т.н. европско знаменце а механизмот со т.н европско знаменце е всушнот суптилна форма за шверцерско носење на закони.

 Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Оттука, доколку во Собранието се усвојат пописни решенија за нов фалсификат на пописот во април догодина, Единствена Мкаедонија ќе иницира повторно активирање на патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира„ за кампања за бојкот на пописот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 27 декември 2020

Скопје 1