Единствена Македонија: Власта да овозможи избор помеѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец


26.12.2020 | 13:36:05 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта да овозможи избор помеѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец

Јавноста е сведок дека започнува вакцинирањето против коронавирусот во земјите членки на ЕУ како и во земји кои не се членки на ЕУ како што се Србија, Велика, Британија Швајцарија... Македонија и во случајот со вакцините покажува дека нема институционален капацитет и се уште моли за вакцини од Бугарија и Грција.

Вчера се појави и скандалозна информација дека власта во Скопје ја одбила руската вакцина „Спутник“ која била понудена од руска страна. Свесни сме дека власта е преплашена со било кое спомнување на Русија, но, одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации. Сега е најбитно здравјето на народот.

Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да овозможи избор меѓу повеќе вакцини со увоз и на „Фајзер“, и на „Спутник“, и на кинеската вакцина, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 26 декември 2020

Медиуми:

Макфакс

Скопје 1

Македонски весник

А1 он

Вечер

Опсервер

Весник

Инфо

Утрински весник

Новости 1

Тајм

Вести

Дејли

Грид