Единствена Македонија: Скандалозно е владата да моли за вакцини од Бугарија, здравјето не трпи политички калкулации


24.12.2020 | 11:41:58 | Соопштенија


Единствена Македонија: Скандалозно е владата да моли за вакцини од Бугарија, здравјето не трпи политички калкулации

Владата во Скопје и во случајот со вакцините за коронавирусот покажува дека нема институционален капацитет. Додека сите земји членки на ЕУ како и земји не- членки на ЕУ како што се Велика Британија и Србија набавија потребни количини на вакцини, владата во Скопје се определува за понизно молење на вакцини од Бугарија.

Политиките на владата во Скопје доживеа целосен неуспех на секој план. Во земјата владее безаконие, криминал, корупција и национално предавство а сега владата калкулира и со здравјето на народот.

На Македонија сега и е потребна искрена и вистинска помош и затоа владата треба веднаш да обезбеди количини и од вакцината „Фајзер“, и од руската вакцина „Спутник“ и од кинеската вакцина и народот да има избор помеѓу повеќе вакцини. Свесни сме дека власта е преплашена штом во било кој контекст се спомнува Русија или Кина. Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најбитно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.

Единствена Македонија е против задолжителноста на вакцините и останува на ставот секој лично да се определи дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 24 декември 2020

Новости 1 Скопје 1