Со новото пописно решение кое е спротивно на пописниот модел во ЕУ, Албанците ќе излезат 40 отсто


23.12.2020 | 10:55:11 | Соопштенија


Со новото пописно решение кое е спротивно на пописниот модел во ЕУ, Албанците ќе излезат 40 отсто

Ја информираме јавноста дека доколку биде прифатено предложеното решение за попис, според кое ќе се попишуваат сите жители без оглед на временскиот период на отсуство, тогаш Албанците според договореното сценарио ќе излезат преку 40 отсто од населението во државата.

Пописниот фалсификат ќе се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанци кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел во Европската унија е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во државата. Патем, ќе се пребројуваат исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и Македонија за да лажно ја претстават нивната бројка во регионот.

Јавноста го прашува Заев, нели негови вредности се европските вредности и зошто сега прифаќа решение во Законот за попис кое е спротивно со пописниот модел во ЕУ.

Потсетуваме на фалсификуваниот попис од 2002 и лажното прикажување на Албанците дека се 25,17 отсто, со цел, да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор, кој предвидува Албанците да ги добијат правата ако учествуваат над 20 отсто од населението. За ова постои кривична пријава од Единствена Македонија од 24.09.2009 и од приложените факти и докази се гледа дека албанското малцинство е околу 16 отсто од населението. Но, до денешен ден кривичната пријава останува закочена во обвинителската фиока.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 23 декември 2020

Македонски весник

Скопје 1

Тајм