Единствена Македонија до Заев: Кисинџер вели дека тие што слепо ги слушаат странците се глупави животни и откако ќе ги употребиш ослободи се од нив


20.12.2020 | 11:52:11 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Кисинџер вели дека тие што слепо ги слушаат странците се глупави животни и откако ќе ги употребиш ослободи се од нив

Политиките на Зоран Заев доживеа целосна катастрофа. Во земјата владее безаконите, криминал, корпупција, национално предавство со бришење на се што е македонско.

Зоран Заев во изминатите години на повеќе наврати повторува дека доколку Македонија не добие датум за преговори со ЕУ една од опциите е враќање на мандатот и распишување на избори. Сега кога е сигурно дека Македонија нема да добие датум за преговори, Единствена Македонија го повикува Заев да се повлече од антимакедонските договори со Грција и Бугарија со кои се бришат името, идентитетот, историјата, традицијата на македонскиот народ и Македонците во соседните земји.

Заев се уште има време да се покае и да побара прошка за големиот грев што го направи спрема македонскиот народ и македонската држава. А за мандатот нека не се грижи оти уште од сега е јасно дека ќе му биде одземем со неговиот катастрофален пораз на следните избори кога и да се одржат.

Ја користиме приликата да му препорачаме на Заев да прочита нешто и од Хенри Кисинџер остарената, некогашна ѕвезда на американската дипломатија, а подоцна еден од највлијателните аналитичари во светот за меѓународните односи. Еве што напиша Кисинџер за политичарите од типот на Заев кои само слушаат што ќе им речат странците: „Тие што слепо те слушаат и служат се толку глупави што ќе тргнат по кого било и по што било. Тие се глупави животни што имаат употребна вредност. Затоа, откако ќе ги употребиш, ослободи се од нив...“

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 20 декември 2020 Скопје 1 Македонски весник