Вчера победија Штипјани, Николов со 24 отсто гласови е нелегитимен градоначалник


14.12.2020 | 16:32:14 | Соопштенија


Вчера победија Штипјани, Николов со 24 отсто гласови е нелегитимен градоначалник

Штипјани можат да бидат горди на вчерашните локални избори бидејќи со големата неизлезност се фактички победник на изборите со што ја делегитимираа локалната власт на СДСМ во Штип.

Сашко Николов победи со 11.668 гласови, но, тоа е само 24 отсто од вкупниот број запишани избирачи со право на глас. Штипјани и упатија силна порака на власта што мисли за безаконитето, криминалот, корупцијата, националното предавство кои владеат во земјата.

Градоначалник со добиени 24 отсто од запишаните избирачи не може да се смета за легитимен градоначалник на Штипјани. Не случајно бил голем стравот на власта од повикот на опозицијата за неизлегување на изборите.

За кава голема победа зборува синоќа Заев кога Штипјани во голем број го прифатија повикот на опозицијатата и не излегоа на гласање а Николов мораше во последните два саата од гласањето дури очајнички да купува гласови по Штип.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 14 декември 2020

Скопје 1