Власта го губи компасот, го смета за голем успех тоа што Бугарија не множи со нула


06.12.2020 | 14:10:24 | Соопштенија


Власта го губи компасот, го смета за голем успех тоа што Бугарија не множи со нула

Единствена Македонија и честита на власта на рамнодушноста, но, не и завидува на наивноста и глупоста. Власта се фали со со успеси во решавање на спорните прашања со Бугарија а претходно и со Грција иако власта доживува целосен пораз со немерлива штета за македонскиот народ и македонската држава.

Очигледно власта го губи компасот. Бугарија не множи со нула а власта го смета за успех бришењето на македонската нација, јазик, историја и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија.

Единствена Македонија прашува, каква е таа успешна политка со која се фали власта а Бугарија нуди непристоен пазар - датум за преговори за Македонија во замена за подарување на Бугарија на се што е македонско. 

Како и да е, народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта. Дури Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доолку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Македонија кон членство во сојузи и меѓународни организации согласно референдумската волја на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија од 30 септември 2018 година.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 6 декември 2020

Макфакс Скопје 1 Тајм