Единствена Македонија до Заев: По силниот шамар од народот, повлечи се од договорот со Бугарија и побарај простување


27.11.2020 | 14:09:36 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: По силниот шамар од народот, повлечи се од договорот со Бугарија и побарај простување

Зоран Заев доби силен, речиси едногласен одговор од македонскиоот народ и државјаните на Република Македонија дека не се согласуваат со неговите ставови во интервју за бугарската агенција БГНЕС, а кои треба со посебен анекс да станат составен дел на Договорот со Бугарија.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија кажаа НЕ за непристојниот пазар: бришење на македонската нација, јазик, кражба на македонската историја и личности, откажување од Македонците во Пиринска Македонија, испревртување на општо познатите факти за бугарскиот фашизам во замена Бугарија да не стави вето за почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е незивесен факт за кое може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија и ќе опстане.

По силниот шамар за Заев од народот, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од Договорот со Бугарија и да побара простувањена од македонскиот народ за целосниот пораз на надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори со Грција и Бугарија ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата за националните интереси, одоговрност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 27 ноември 2020

Скопје 1 Македонски весник Тајм