Единствена Македонија: Македонските јаничари Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за persona non grata во Македонија


15.11.2020 | 13:58:35 | Соопштенија


Единствена Македонија: Македонските јаничари Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за persona non grata во Македонија

Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев. 

За Единствена Македонија нема дилема.  Недозволиво е Захариева, Каракачанов и Ковачев од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија.

Македонија има меѓународно-правно признато право да прогласи одредена личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. А токму Захариева, Каракачанов и Ковачев кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ. 

Единствена Македонија смета дека во постоечките околности, нашата иницијатива е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси. Оттука, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Центар за комуниикции на Единствена Македонија Скопје, недела, 15 ноември 2020 Медиуми: Македонски весник Скопје 1 Макфакс А1 он 24 Инфо Нова Македонија Вечер Утрински весник Точка Опсервер Весник Инфо Грид Вести Дејли Тајм