Единствена Македонија: Жално и срамно од Пендаровски, го теши народот со изјава дека и во богатите земји во ЕУ умирале од корона


29.10.2020 | 15:09:24 | Соопштенија


Единствена Македонија: Жално и срамно од Пендаровски, го теши народот со изјава дека и во богатите земји во ЕУ умирале од корона

Дали да се смее народот или да плаче по денешната изјава на Пендаровски по седницата на Советот за безбедност која се сведува на тоа „дека сме сведоци дека и најразвиените земји и богатите економии тешко излегуваат на крај со оваа ситуација“

Го потсетуваме Пендаровски дека Советот за безбедност според институционалната поставеност има исклучително значење со исклучителни одлуки и народот очекуваше денеска да види такви одлуки во врска со коронавирусот бидејќи на дневен ред имаше само една точка: ситуацијата со порастот на бројот на заразени и починати од коронавирусот.

Но, Пендаровски одбра да го теши народот ептен да не се потресува што бројот на заразени и починати од коронавирусот во Македонија расте, бидејќи умирале и во богатие земји во ЕУ. Поданичкиот менталитет на Пендаровски, потсвесно, уште еднаш исплива на површина дека умираат богатите во ЕУ, па што останува со овие вакви, такви, никакви Македонци.

Што може да се очекува од една марионета како Пендаровски инсталиран по задача само слепо да извршува директиви на своите странски ментори за бришење на се што е македонско. Среќа во несреќа е што Пендаровски не ја отсликува вољата на македонскиот народ бидејќи на изборите беше избран само со 23 отсто од вкупно запишаните избирачи а и тој мал број на гласови, добар дел беа подарок од македонските албанци.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 29 ноември 2020

Охрид 1

Македонски весник

Скопје 1

Тајм