Бачев: Секогаш кога ќе се плашите, 23 Октомври нека ве потсетува ако се плашеле и основачите на ВМРО и седеле дома, ќе ја немаше Македонија


23.10.2020 | 11:53:34 | Соопштенија


Бачев: Секогаш кога ќе се плашите, 23 Октомври нека ве потсетува ако се плашеле и основачите на ВМРО и седеле дома, ќе ја немаше Македонија

Честитка, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, петок, 23 октомври 2020

- „Дозволете во мое лично име и во името на Единствена Македонија на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да им го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

Денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 127 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја. Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историската оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Меѓутоа, денеска Републиката е исправена пред сериозен предизвик. Марионетската власт и нејзините странски газди сакаат да избришат се што е македонско. Останува сега на оваа генерација Македонци да го спречиме геноцидот врз македонскиот народ преку бришење на името, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ.

Но, слушам уплашени биле луѓето, за работното место, социјална помош, лиценци, пакети со храна... Но ако ја изгубиме државата и утре се разбудиме во некое друго државно уредување, во бугарско, албанско или било какво, браќа Македонци и сестри Македонки, тогаш уште повеќе ќе се плашиме оти ќе живееме во туѓа држава и нема да бидеме свои на своето.

Впрочем, можеле и Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров да се плашат и да не се нафатат да ја формираат организацијата и да си седат дома. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Време е да станеме и да кажеме ова е наша држава, ние одлучуваме, да понудиме одговор и во име на нашите претходници и потомци, да си ја вратиме државата назад и силно да извикаме, ДА, јас бев дел од таа генерација Македонци, и си ја зачував државата.

Ние сме убедени дека ќе победиме во оваа битка. Македонија мора да победи. Впрочем, не им било лесно и нашите претци кои имале јасна кауза. Потребно е сега како Македонци да бидеме единствени и сплотени оти имаме јасна кауза, и таа кауза секогаш се соочувала со проблеми и предизвици и секогаш имала противник, и каузата победувала. Затоа, упатуваме порака дека и ние, оваа генерација Македонци ќе успееме, бидејќи заветот е голем од нашите предци, влогот е голем. Тој влог е врежан во минатото од нашите претци, и ќе биде развиван од нашите деца и внуци во иднината. Тоа е Македонија и Македонците.

Ветувам дека Единствена Македонија која полага корени во исторското ВМРО никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници вмровци во историјата кои ја пролеааа за нашата Македонија. Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее македонскиот народ, Да живеат државјаните на Република Македонија, Да живее Република Македонија“ - потенцираше во честитката Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 23 октомври 2020 МИА Охрид 1 Македонски весник Скопје 1 Тајм Грид