(ВИДЕО) Документарен филм како трајно сведоштво за битката за референдумот и против промена на името


12.10.2020 | 16:13:50 | Соопштенија


(ВИДЕО) Документарен филм како трајно сведоштво за битката за референдумот и против промена на името

Единствена Македонија го споделува со пошироката јавност документарниот филм за битката на Националниот блок  „Македонија - Бојкотира“ и „Македонија - Блокира“ за референдумот на 30 септември 2018 година и против уставните измени за промена на името што се случија на 11 јануари 2019 година.

Филмот го опфаќа периодот од јуни 2018 година до јануари 2019 година кога улиците и плоштадите во Скопје и низ Републиката седум месеци беа домот за Единствена Македонија и „Македонија - Бојкотира“ односно, „Македонија - Блокира“ преку секојдневни протести и блокади на улици, плоштади, домовите на одметнатите 8 пратеници, гранични премини...

Филмот премиерно беше прикажан на 30 септември 2020 година на народниот собир пред Собранието на Република Македонија по повод одбележувањето на двегодишнината од големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.

Филмот во траење од 27 минути претставува трајно сведоштво за битката на Македонците против промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Националниот блок „Македонија - Бојкотира“ односно, „Македонија - Блокира“ предводен од Единствена Македонија во кој се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство, за референдумот успеа, а за спречување на промена на уставот не успеа.

Не се откажуваме, Битката за Македонија продолжува!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 12 октомври 2020 година

Скопје 1

Македонски весник

Охрид 1

Тајм

Грид