30 септември, Денот на големата референдумска победа, ден кога народот кажа НЕ онаму каде што марионетската власт рече ДА - фотогалерија


30.09.2020 | 13:00:56 | Соопштенија


30 септември, Денот на големата референдумска победа, ден кога народот кажа НЕ онаму каде што марионетската власт рече ДА - фотогалерија

„Македонија Бојкотира“ ја одбележа двегодишнината од референдумот на кој македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мислат за евроатлантските интеграции на Македонија и предавничкиот договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО со бришење на вековното македонско име.

Под мотото „Не се откажуваме - Битката за Македонија продолжува“ на видео бим беше прикажан документарен филм за големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.

Да потсетиме дека националниот блок „Македонија - Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство водеше кампања за бојкот на референдумот.

Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.

30 септември 2018 година има свое формално - правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.   

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 30 септември 2020 

Скопје 1 Македонски весник Охрид 1 Тајм Грид