Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување


08.09.2020 | 10:37:26 | Соопштенија


Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување

Честитка, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, вторник, 8 септември 2020

Претседателот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев го честиташе 8 Септември, Денот на независноста.

-„Денес во Република Македонија е тежок и тажен ден за македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. На 8 Септември денот на независноста, народот е очаен и разочаран од досегашните погубните политики на марионетската власт во Скопје која повторно е инсталирана од странски центар.

Власта брише се што е македонско, односно, го брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а сето тоа против волјата на народот. Власта кажа „ДА„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот на 30 септември 2018 рекоа „НЕ“.

Во земјата владее безаконие, криминал, корупција и национално предавство.

Актот на раѓањето на една држава би требало да биде поздравен со манифестации на радост, но, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување. Страшно е да не можеме да се радуваме на еден ваков извонреден настан во историјата на Македонија. 30 години асално не и се израдувавме на македонската држава за која генерации Македонци се бореле и ги положија своите животи.

Затоа 8 Септември не задолжува да ги победиме непријателите на македонското  дело. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело. Немаме повеќе што да изгубиме, Македонија мора да победи. Честит празник на татковината, нека ни е вечна Македонија“ - се вели во честитката на Бачев по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 8 септември 2020