Честитка од Бачев по повод Успение на Пресвета Богородица: Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност


28.08.2020 | 15:23:21 | Соопштенија


Честитка од Бачев по повод Успение на Пресвета Богородица:  Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност

Честитка, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, петок, 28 август 2020

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите верници од православна вероисповед.

- „Во мое лично име и во име на Единствена Македонија, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и радост исполнети со љубов и со хармонија.

Покрај желбата за добро здравје и радост, дозволете ми да посакам љубовта кон блиските и татковината да бидат водилка низ животот.

Денес татковината преживува најтешки моменти од кога било досега и затоа ние имаме света должност да си ја вратиме државата назад.

Да ја продолжиме битката сплотени и единствени за нашата земја, нашата татковина, во која, денеска, во доминантно македонска и православна Македонија ние Македонците станавме странци и граѓани од втор ред,

Посакувам во овие тешки мигови за татковината да имате добро здравје иако чуствувате голема болка поради несигурната егзистенција, грабежот, безаконието криминалот и корупцијата што ви ги дава власта.

Посакувам да бидете на првата линија во одбрана на националните интереси, во битката за поништување на капитулантските и предавнички антимакедонски договори, Република Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право, службен јазик македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, грижа за иселениците од Македонија и за положбата и правата на македонскиот народ во соседните земји, Македонија унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија.

Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност!

Нека е честит и за многу години празникот. Да ни е вечна Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 28 август 2020

Скопје 1 Охрид 1 Тајм Грид