Единствена Македонија до родители на средношколци: Не наседнувајте на т.н Сојуз на средношколци кој е сомнителна организација


27.08.2020 | 14:00:29 | Соопштенија


Единствена Македонија до родители на средношколци: Не наседнувајте на т.н Сојуз на средношколци кој е сомнителна организација

Во врска со засиленото форсирање во јавноста на т.н. Сојуз на средношколци кој речиси секојдневно остварува средби со владини министри околу почетокот на учебната година, Единствена Македонија ја информира јавноста дека станува збор за сомнителна организација која во основа делува спротивно на Уставот и законите.

Овој т.н Сојуз на средношколци во никој случај не може да биде претставник на средношколците во Македонија најмалку од четири причини:

Прво, овој т.н Сојуз е формиран во Тетово пред повеќе од две години на строго етничка основа од припадници на само едно малцинство во државата.

Второ, овој т.н. Сојуз не е регистриран као легален субект во правниот промет.

Трето, овој т.н Сојуз презема иницијативи кои не кореспондираат со проблемите на средношколците. На пример, има офцијални барања до општина Тетово за промена на имиња, односно, училиштата во Тетово да добијат назив со албански личности.

Четврто, овој т.н. Сојуз речиси две години како јазици за комуникација ги користи албанскиот и англискиот јазик а од неодамна како трет јазик го користи и македонскиот. Замислете, македонскиот јазик во македонската држава е трет јазик за овој т.н Сојуз откако пред извесно време етаблира и неколку припадници на друга националност со цел замаглување на вистината за неговиот сомнителен карактер.

Единствена Македонија апелира до родителите на средношколци да не наседнуваат на овие финти со т.н. Сојуз на средношколци кој во основа делува на антимакедонска основа. Единствена Македонија ги повикува македонските средношколци на македонско однесување во својата македонска држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 27 август 2020

Скопје 1 Македонски весник Охрид 1 Грид Тајм