Во услови на тежок изборен фалсификат, доколку Заев има грам морал веднаш да бара нови избори


11.08.2020 | 12:32:13 | Соопштенија


Во услови на тежок изборен фалсификат, доколку Заев има грам морал веднаш да бара нови избори

Зоран Заев доколку има грам морал, совет и одговорносот веднаш да побара распишување на нови избори.

Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во контескт на битката за влијание во Македонија.

Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не можат да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат.  Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија, бидејќи, СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку, преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно, после јазичната да се инагурира и територијална федерализација и на крај конечно распарчување на Македонија.

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 11 август 2020

Медиуми: Скопје 1 Макфакс Македонски весник 24 Инфо Утрински весник Вечер Точка Весник Грид Вести Тајм