Жителите на Пробиштип го препознаа предавството на власта, Платформата на Единствена Македонија е последната надеж


30.05.2020 | 21:16:34 | Соопштенија


Жителите на Пробиштип го препознаа предавството на власта, Платформата на Единствена Македонија е последната надеж

Караванот на Единствена Македонија денес, сабота, 30 мај 2020 беше во Пробиштип каде претседателот Бачев, генералниот секретар Ацо Николовски и носителот на листа во третата изборна единица Вангел Симев, на терен "очи во очи" ги запознаа жителите на Општина Пробиштип со Платформата на Единствена Македонија насловена како "Битка за Македонија".

Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Затоа, Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана. Мора да го кажеме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на избори во 2020 година – настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.         

Жителите на Пробиштип го препознаа националното предавство и порачаа дека остануваат на браникот на Татковината и дека Платформата на Единствена Македонија е последната надеж за Македонија и Македонците.   

Караванот „Битка за Македонија“ тргна во ноември 2019 и до февруари 2020 подели околу 70.000 примероци, по што настапи прекин поради здравствената состојба. Според планот, се посетува секое поголемо населено место во државата, со цел, Платформата во 100.000 примероци да се подели низ цела Македонија и народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 30 мај 2020