Бачев му пиша на Мицкоски: Ако си Македонец, не прифаќај понижувачка средба со две македонски и дури пет албански партии


16.03.2020 | 16:26:59 | Соопштенија


Бачев му пиша на Мицкоски: Ако си Македонец, не прифаќај понижувачка средба со две македонски и дури пет албански партии

Писмо, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Макеоднија Скопје, понеделник, 16 март 2020

Во пресрет на утрешната средба кај Стево Пендаровски, попладнево лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

г-дине претседателе на ВМРО-ДПМНЕ,

“Ве повикувам утре да не одите на средбата кај Стево Пендаровски доколку Пендаровски остане на формат на средбата со две македонски и дури пет албански партии. Пендаровски е голем срам за Македонија и Македонците. Пендаровски заборавил во која држава живее со поканата кај него на гости да одите и за изборите да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство.

Г-дине Мицкоски, ако сте Македонец од Македонија немојте да прифатите една ваква во основа длабоко понижувачка и навредлива лидерска средба со формат на две македонски и пет албански партии. За изборите, како исклучително значајно прашање решение треба да се бара според формулата за учество на сите политички субјекти - учесници на изборите и тоа од најмалку две причини, прво, учество на сите партии кои учествуваат на изборите овозможува решение со најширок легитимитет прифатен од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, и второ, учество на две македонски и дури пет албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба, бидејќи не ја отсликува реалноста во Република Македонија, недозволиво го фаворизира албанското малцинство наспроти македонскиот народ и сите други малцинства во земјата.

Дотолку повеќе, овие  избори имаат историско значење - или ќе се зацементира бришењето на се што е македонско или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ги поништат антимакедонските договори со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што го употребивте да ги разгледате моите размислувања од витален интерес за македонскиот народ и македонската држава“ - се вели во писмото на Бачев.

д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Македонски весник Скопје 1 А1 он Макфакс Вечер 24 Инфо Весник Тајм Грид Вести