Централен Комитет на Единствена Македонија: Бачев да биде во иста изборна единица со Заев - да го поразиме злото


29.02.2020 | 20:56:51 | Соопштенија


Централен Комитет на Единствена Македонија: Бачев да биде во иста изборна единица со Заев - да го поразиме злото

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денеска, сабота, 29 февруари 2020 расправаше за настапот на партијата на изборите на 12 април. На седницата беа донесени следните одлуки:

1. Единствена Македонија го повикува ВМРО-ДПМНЕ на заеднички коалициски настап на изборите на 12 април под следните услови: Поништување на договорот со Грција за промена на името; Поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; Поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; Поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, Доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.

Единствена Македонија го следи решителното барање на народот за сплотеност и единство и силно верува дека овие определби се достижни и остварливи и дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право. Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. На потег е ВМРО-ДПМНЕ.  Татковината повикува!

2. Оставаме ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе за предлогот во наредните 48 часа а во спротивнои Централниот комитет го овластува Извршниот комитет да донесе конечна одлука за настапот на партијата на изборите на 12 април: самостоен настап или формирање на патриотски блок на здруженија и партии.

3. Централниот комитет изрази задоволство, прво, Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ отпечатена во 100.000 примероци веќе е поделена во преку 70.000 примероци, второ, при крај сме со целосното спроведување на одлуката за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата, трето, досега се отворени 22 општински штабови и до почетокот на изборната кампања тој број ќе се зголеми на триесет канцеларии низ Македонија, четврто, бројните анкети по социјалните мрежи потврдуваат дека Единстевна Македонија е најсилната партија со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

4.  Централниот комитет му препорачува на претседателот Бачев да биде носител во изборна единица кај што ќе биде носител Зоран Заев со цел да се порази злото во Република Македонија кое го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ образложено и на прес конференцијата.

 

Во изјава за медиумите, претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев рече (ВИДЕО)

- „Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија која во основа се бори за македонските национални и државни интереси денеска на седницата на Централниот комитет донесе заклучок да упати јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ за коалициски настап на изборите на 12 април под следните услови: 1. поништување на договорот со Грција за промена на името; 2. поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија, 3. попис, 4. поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилкото писмо, 4. доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник формирање влада без учество на албанска партија. Ние силно веруваме дека овие определби се достижни и остварливи и декам коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право. Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. Тоа што Заев кажува дека преспанскиот договор е непроменлив, народот нека го заборави оти Заев лаже. Договорот е ништовенспоред меѓународното право  и потребна е само нова анродна власт со оперделба да го поништи договорот.  Ќе го чекаме Мицкоски 48 часа да се произнесе по оваа наша понуда по што Единствена Македонија во среда ќе го каже конечниот став за настап на изборите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 29 февруари 2020

Медиуми: Македонски весник Скопје 1 А1 он Фокус Пресс 24 Плусинфо Либертас Сигнал Поглед Грид Тајм Дејли Вести