Претседателката на Унија на жени на Единствена Македонија Мирјана Мирчевски: Спремни сме за избори


29.02.2020 | 20:13:19 | Соопштенија


Претседателката на Унија на жени на Единствена Македонија Мирјана Мирчевски: Спремни сме за избори

Денеска, сабота, 29 февруари 2020, Унијата на жени на Единствена Македонија одржа седница на Централниот комитет на која расправаше за изборите на 12 април, а беа донесени и неколку кадровски одлуки во функција на натамошно јакнење на Унијата на жени.

Претседателката на Унијата на жени Мирјана Мирчевски истакна дека е горда на големиот број храбри членки кои секојдневно пристапуваат кон партијата, но и на мрежата од општински комитети низ државата. Унијата на жени на Единствена Македонија е подготвена за изборите на 12 април - потенцираше претседателката Мирчевски.

Мартина Станојоска и Биљана Џинго беа избрани за потпретседателки на Унијата на жени на Единствена Македонија.

На Централниот комитет на Унијата на жени се обрати и лидерот на партијата, Јанко Бачев. Претседателот Бачев изрази задоволството што тука стојат успешни и умни жени со кои заедно ќе ја победиме битката за Македонија. Единствена Македонија фати силен предизборен залет. Противниците силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на изборите. Се за битката за Република Македонија - истакна претседателот Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 29 февруари 2020