Виктор Бабамов е нов претседател на ОК Единствена Македонија Струмица


26.02.2020 | 09:01:20 | Соопштенија


Виктор Бабамов е нов претседател на ОК Единствена Македонија Струмица

Вечерва, среда, 26.02.2020, во Струмица се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Струмица. За нов претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Струмица е избран Виктор Бабамов. На настанот присуствуваа претседателот на партијата Јанко Бачев, генералниот секретар Ацо Николовски и членот на Извршниот комитет Вангел Симев.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.

Единствена Македонија е најсилната трета партија и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. 

Приклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата.  Непријателите на македонското дело силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Продолжуваме, со народот за Македонија!

Приклучи се на Единствена Македонија!

Единствена Македонија – Цела Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 26 февруари 2020