Атанас Стојанов е нов претседател на ОК Единствена Македонија Росоман


16.02.2020 | 20:37:58 | Соопштенија


Атанас Стојанов е нов претседател на ОК Единствена Македонија Росоман

Денеска, 16.02.2020, во Росоман се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Росоман.  За нов претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Росоман е избран Атанас Стојанов. На настанот присуствуваа претседателот на партијата Јанко Бачев и генералниот секретар Ацо Николовски.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.

Единствена Македонија е најсилната трета партија и последната надеж за Македонија, Македонците и државјаните на Република Македонија. Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Приклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата.  Непријателите на македонското дело силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Продолжуваме, со народот за Македонија!

Приклучи се на Единствена Македонија!

Единствена Македонија - Цела Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 16 февруари 2020