Нашите пратеници на клоци ќе го бркаат Џафери и било кој за целовечерното срамно изживувањe во Собранието


15.02.2020 | 14:31:28 | Соопштенија


Нашите пратеници на клоци ќе го бркаат Џафери и било кој за целовечерното срамно изживувањe во Собранието

Одлуката на Талат Џафери да ги држи синоќа цела вечер пратениците во Собранието е неразумна, нечовечка, антимакедонска, антицивилизациска и спротивна на правилата и практиката на Собранието, според кои, пратениците работат до 18 часот.

Но, синоќешната срамна собраниска седница откри и друга вистина. Во Собранието беше непријатно да се слушаат довикувањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како го молат Џафери да се смилува, да ја прекине седницата и да ги пушти да си заминат дома на спиење. Џафери синоќа покажа демонстрација на сила и ја откри болната вистина дека реален шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а пратениците, како и Зоран Заев и Христијан Мицкоски се обични потрчковци без реална моќ да ги вршат своите партиски и државни обврски.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе го врати достоинството на државните органи. Ветуваме дека пратениците на Единствена Македонија на клоци ќе го избркаат Џафери и било кој од собраниската сала дококу направи и најмал обид за повторување на синоќешното целовечерно срамно држење на пратениците за шверцерското донесување на закони со купување на пратенички гласови.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 15 февруари 2020

Скопје 1 Македонски весник