Скандалозно е третирањето на МВР и обвинителството како приватна фирма на Мицкоски и Заев


10.02.2020 | 13:03:25 | Соопштенија


Скандалозно е третирањето на МВР и обвинителството како приватна фирма на Мицкоски и Заев

Единствена Македонија е згрозена од јавното лицитирање и договарање меѓу Мицкоски и Заев колку началнички места добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во МВР, па кој да го предлага јавниот обвинител иако се работи за клучните државни институции.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат МВР и обвинителството и изборот на кадри во овие органи да го вршат по партиска линија.

Заев и Мицкоски  директно газат по законите во државата и ја поразија правната држава оти знаат или би требало да знаат дека МВР и обвинителството не може да се третира како партиска забава туку, треба да се базираат на оглас според знаење, способност и достигнување.

Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на МВР и обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 10 февруари 2020