Звонко Петрески е нов претседател на ОК Единствена Македонија Прилеп, Мартина Станојоска е нова претседателка на ОК Унија на Жени Прилеп


01.02.2020 | 13:37:51 | Соопштенија


Звонко Петрески е нов претседател на ОК Единствена Македонија Прилеп, Мартина Станојоска е нова претседателка на ОК Унија на Жени Прилеп

Вечерва, 01.02.2020,  во партискиот штаб во Прилеп се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп и избор на Општинскиот комитет на Унијата на жени на Единствена Македонија Прилеп. За нов претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп е избран Звонко Петрески, а за нова претседателка на Унијата на жени на Единствена Македонија Прилеп е избрана Мартина Станојоска. На настанот присуствуваа претседателот на партијата Јанко Бачев, генералниот секретар Ацо Николовски и членот на Извршниот комитет Вангел Симев.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.

Единствена Македонија е најсилната трета партија која може да го сруши двопартизмот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Приклучи се на Единствена Македонија! Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 1 февруари 2020