Бачев со честитка за Свети Сава: Српската заедница е на правата страна и заедно ќе ја победиме Битката за Македонија и Македонците


27.01.2020 | 16:27:38 | Соопштенија


Бачев со честитка за Свети Сава: Српската заедница е на правата страна и заедно ќе ја победиме Битката за Македонија и Македонците

Честитка, Единствена Македонија порф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 27 јануари 2020

-„Дозволете ми, од мое лично име и од името на Единстена Македонија на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да им го честитам големиот празник Свети Сава со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Во овие најтешки и судбоносни моменти за Република Македонија, Србите во Македонија се на правата страна и стојат рамо до рамо со македонскиот народ и не ги прифаќаат антимакедонските договори за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Српската и Македонската држава денес се окупирани од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за српскиот и македонскиот народ и за српската и македонската држава.

Водени од оваа верба, мора да бидеме сплотени и да си даваме меѓусебна подршка во битката за нашите стратешки цели за одбрана на нашите држави и народи. Воедно, изразувам благодарност што поголем дел од српската заедница во Македонија на 25 јануари, токму во пресрет на големиот парзник Свети Сава одлучи во иднина да се бори за своите легитимни барања во државата преку Единствена Македонија. Нека е честит 27 јануари, Денот на Свети Сава“ -  се вели во честитката на Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 27 јанаури 2020 Македонски весник