Бачев: Зошто Заев како и Груевски се уплаши од вистинско лустрирање на кодошите


15.01.2020 | 09:17:48 | Соопштенија


Бачев: Зошто Заев како и Груевски се уплаши од вистинско лустрирање на кодошите

Единствена Македонија и поголем дел од македонскот народ и државјаните на Република Македонија со жалење ја примија одлуката на Зоран Заев за поништување на лустрацијата.

Никола Груевски своевремено од лустрацијата направи лакрдија и обична гротеска лустрирајќи само кодоши во СДСМ иако и во ВМРО-ДПМНЕ вриеше од кодоши на тајната служба. Дури, во коалицијата на Груевски имаше седум лидери на партии кои биле соработници на тајната служба и партиите им биле формирани по задача од Службата за државна безбедност.

Сега и Заев тргнува по стапките на Груевски, дури и порадикално, со одлуката воопшто да нема лустрација и тоа од оправдани причини: во извршната власт на Заев на повеќе нивоа врие од функционери - кодоши и функционерски деца на соработници на службата кои граделе кариери со кодошење на политичките неистомисленици.

Така, функционери - кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму ќе ја водат државата. Универзитетски професори - кодоши и натаму ќе ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму ќе ни сервираат фалсификувана историја. Новинари - кодоши и натаму ќе го креираат јавното мислење. Олигарси - кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму ќе го крадат народот.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе изврши целосно прочистување и ќе спроведе брза, ефикасна и правична лустрација со која кодошите кои кодошеле од идејно-политички причини ќе заминат во историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 15 јануари 2020

Скопје 1