Заев ја кажа според него убавата (антимакедонска) вест од Шпанија, а ја крие вистинската убава вест од Шпанија


05.01.2020 | 12:21:28 | Соопштенија


Заев ја кажа според него убавата (антимакедонска) вест од Шпанија, а ја крие вистинската убава вест од Шпанија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите вели очекува убави вести од Шпанија, односно, дека овој месец Шпанија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, со што, до крајот на јануари би завршиле сите процедури и во македонскиот парламент за членството во НАТО.

Го потстетуваме Заев дека членството на Македонија во НАТО е лоша вест оти народот не стои зад ова одлука на марионетската власт во Скопје. Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија лани на 30 септември референдумски се изјаснија дека не сакаат членство на Македонија во НАТО, ЕУ и промена на вековното македонско име.

Но, од Шпанија има и добра вест која Заев не ја спомнува. Блокадата во шпанскиот парламент и неизборот на тамошната влада е поради тоа што на последните избори во ноември лани, по цели 40 години беше разбиен двопартизмот во Шпанија меѓу Шпанската социјалистичка работничка партија и Конзервативната народна партија и во Шпанскиот парламент влегоа патриотски партии кои го нарушија традиционалиот двопартизам. Но, за ова од Заев - целосен молк!

Шпанија после 40 години го сруши двопартизмот. Генерално, и во цела Европа се руши двопартизмот и во тамошните парламенти влегуваат национални и патриотски партии.

Во Република Македонија 30 години СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се менуваат на власт, а на земјата не и оди добро. Единствена Македонија го почна процесот на рушење на двопартизмот во Македонија, храбро, решително и во интерес на народот. Единствена Македонија го прави долгоочекуваниот чекор. На потег е народот на изборите на 12 април.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 5 јануари 2019

Скопје 1 Народен Глас Македонски Весник