Изборот на преодна влада покажа дека Заев и Мицкоски се копретседатели на истата партија „Погреб за Македонија“


04.01.2020 | 13:55:57 | Соопштенија


Изборот на преодна влада покажа дека Заев и Мицкоски се копретседатели на истата партија „Погреб за Македонија“

Вчерашниот избор на преодната влада потврди дека Христијан Мицкоски е на исти позиции со Зоран Заев за богатењето од позиција на власт, за промената на името и идентитетот, и дека се марионети на странски центри.

Народот виде и не слушна еден збор за поништување на антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско и дека новите министри на ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат битка против  транзициските бандити кои 30 години се богатат од позиција на власт. Наместо ова, денеска Мицкоски на прес го замајува народот со воопштени формулации за пад на индустриското производство, за пад на БДП, за странски инвестиции... што на народот ништо не му значи доколку не си ја повратиме назад изгубената држава.

Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат, а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, антимакедонските договори поништени, се разбира, според законот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 4 јануари 2019

Макфакс Скопје 1 24 Инфо Народен Глас Македонски весник Грид Вести Дејли Тајм