Бачев им подари новогодишни пакетчиња на децата во 'Маца Ѓоргиева Овчарова"


26.12.2019 | 18:07:27 | Соопштенија


Бачев им подари новогодишни пакетчиња на децата во 'Маца Ѓоргиева Овчарова

Претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев денеска, четврток, 26 декември 2019 подели новогодишни пакетчиња на децата од Посебното основно училиште 'Маца Ѓоргиева Овчарова". Притоа, децата изведоа прекрасна престава. Дружењето со децата на нивната претстава покажа колку се прекрасни во својата посебност измамувајќи насмевките кај сите присутни и покажувајќи колку се големи и храбри иако нивните кревки тела се справуваат со тешки предизвици, а топлата прегратка и влевањето надеж треба да биде начин на живот за сите нас. Честитајќи им ја Новата година им посакавме добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на нивните желби и соништа.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 27 декември 2019