Најновото изјаснување на народот дека сака во Евроазиската економска унија покажува дека има надеж за Македонија


24.12.2019 | 09:13:20 | Соопштенија


Најновото изјаснување на народот дека сака во Евроазиската економска унија покажува дека има надеж за Македонија

Единствена Македонија во изминатиот период постојано го реафирмира ставот дека Република Македонија има алтернатива на НАТО и ЕУ. Потврда дојде со најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработа (МЦМС) и Иститутот за демократија „Социетас цивилис„ (ИДСЦС) со која дури четвртина од народот во Македонија или 21,8 отсто сметаат дека алтернатива на земјата е Евроазиската економска унија со што народот покажува дека има надеж за Македонија и Македонците.

Потсетуваме дека само пред околу две години Евроазиската економска унија беше целосно непозната за пошироката домашна јавност кога Единствена Македонија јавно ја обзнани потребата од радикален пресврт во македонската политика за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. За таа цел, Единствена Македонија во тоа време подели низ Македонија 100.000 примероци од Прогласот за стратешки пресврт во македонската политика со кој народот беше детално запознат со причините и користа за Македонија од членството во Евроазиската економска унија.

Најновата анкета на МЦМС и ИДСЦС е силен пораз на политиките на Зоран Заев дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ и нивниот геноциден проект за бришење на Македонците од светската мапа на нации. Зоран Заев ќе биде силно поразен на следните избори кога и да се одржат.

За Единствена Македонија нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. На Република Македонија и треба членство во сојузи кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот лани на 30 септември дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 24 декември 2019

Скопје 1 Макпрес Народен Глас Тајм Вести Дејли  

Прогласот кој пред две години се делеше во 100.000 примероци низ Македонија