Молкот на МАНУ на агресијата на македонските јаничари во БАН е соучество за кое се одговара


14.12.2019 | 11:32:55 | Соопштенија


Молкот на МАНУ на агресијата на македонските јаничари во БАН е соучество за кое се одговара

Единствена Македонија силно го осудува очајничкиот обид за негирање на македонскиот јазик од страна на македонските јаничари во Бугарската академија на науките кои не издржале во историјата. Но, крајно симптоматично и загрижувачки на агресијата од БАН е целосниот молк и плашливост од страна Македонскат академија на науките и уметностите.

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 14 декември 2019

Макфакс 24Инфо Прес 24 Вечер Весник Тајм Грид Дејли Вести