Стружани порачаа: Сега е моментот да го поништиме предавството на Струга од 2004, Платформата на Единствена Македонија е нашата надеж


23.11.2019 | 20:45:35 | Соопштенија


Стружани порачаа: Сега е моментот да го поништиме предавството на Струга од 2004, Платформата на Единствена Македонија е нашата надеж

Караванот на Единствена Македонија ја посети и Струга каде тимот предводен од претседателот на партијата Јанко Бачев ја подели Платформата на Единствена Македонија насловена како “Битка за Република Македонија”.

Стружани на свој грб ги имаат почуствувано експериментите на марионетските власти во Македонија кои во 2004 година со новата територијална организација ја продадоа Струга со антимакедонската определба да стане доминантно албанска општина. Сега е моментот да го поништиме предавството на Струга од 2004 година и затоа целосно ја прифаќаме Платформата на Единствена Македонија која е нашата надеж порачаа Стружани кои во голем број ја прифатија Платформата за што имаат и посебна причина бидејќи точка 6 од Платформата се однесува токму на Струга.

Караванот „Битка за Македонија“ тргна на 30 ноември и досега во Битола, Прилеп, Куманово, Гевгелија, Неготино, Охрид, Струга поделени се повеќе од 25.000 примероци од Платформата. Според планот, Платформата до 31.12.2019, во 100.000 примероци ќе биде поделена низ цела Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 23 ноември 2019