Охриѓани го препознаа националното предавство и порачаа дека Платформата на Единствена Македонија е последната надеж


23.11.2019 | 20:03:34 | Соопштенија


Охриѓани го препознаа националното предавство и порачаа дека Платформата на Единствена Македонија е последната надеж

Караванот на Единствена Македонија во Охрид на средби со народот каде тимот предводен од претседателот на партијата Јанко Бачев поделија околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како “Битка за Република Македонија”.

Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Затоа, Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана. Мора да го кажеме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на избори во 2020 година - настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот - или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.         

Охриѓани го препознаа националното предавство и порачаа дека остануваат на браникот на Татковината и дека Платформата на Единствена Македонија е последната надеж за Македонија и Македонците.   

Караванот „Битка за Македонија“ ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 23 ноември 2019