Прилепчани порачаа: Платформата „Битка за Македонија„ е нашиот план за Македонија, остануваме на браникот на Татковината


16.11.2019 | 16:13:11 | Соопштенија


Прилепчани порачаа: Платформата „Битка за Македонија„ е нашиот план за Македонија, остануваме на браникот на Татковината

Караванот на Единствена Македонија „Битка за Македонија“, денеска, сабота, 16 ноември 2019 беше во Прилеп каде тимот предводен од претседателот на партијата д-р Јанко Бачев на средби со народот подели околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како “Битка за Република Македонија”. Прилепчани во голем број ја прифатија Платформата на Единствена Македонија и порачаа дека остануваат на браникот на Татковината, а Платформата е всушност нивен план за Македонија.

Платформата беше објавена на прес конференцијата на Единствена Македонија на 27 октомври 2019, а Караванот тргна низа Македонија на 29 октомври и ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината. Влегуваме во финалната битка со марионетската власт во Скопје. Последна шанса за нашата генерација!

Центар за комуникации на Единстена Македонија Скопје, сабота, 16 ноември 2019